bleat - онтологија

бекне повеќе

бекнат
Вид збор: Глагол, свршен
За овца, јагне - испушти карактеристичен глас.
Албански: blegërij
Употреба: Зоологија
Примери:
Не бекна ниедна овца во трлото.

блее повеќе

блеат
Вид збор: Глагол, несвршен
За овца, јагне - испушта карактеристичен глас.
Примери:
Во трлото блееја овците.

блека повеќе

Види и: блее (несв.)
блекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
блее
Примери:
Блекаат јагнињата.

блекне повеќе

блекнат
Вид збор: Глагол, свршен
За овца, јагне - испушти карактеристичен глас.
Албански: blegëroj
Примери:
Белото јагне блекна два-три пати.

вресне повеќе

вреснат
Вид збор: Глагол, свршен
За животно (коза) - испрекинато испушти глас, се огласи.
Албански: blegërij
Употреба: Зоологија
Примери:
Вресна јарето.

заблее повеќе

Види и: блее (несв.)
заблеат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да блее.
Албански: fillon të blegëroj
Употреба: Зоологија
Примери:
Одненадеж заблеа јагне и ме исплаши.

заврека повеќе

заврекаат
Вид збор: Глагол, свршен
За коза - почне да врека.
Албански: hingëlloj
Примери:
Козата се исплаши и заврека.

изблејува повеќе

Види и: блее (несв.)
изблејуваат
Вид збор: Глагол, свршен
За овца испушта карактеристичен звук, блее одвреме навреме.
Примери:
Во трлото изблејува по некоја овца.

кмека повеќе

кмекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За коза - испушта глас „кме“.
Албански: mekon

мека повеќе

мекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За коза - испушта глас - ме.
Употреба: Зоологија

мекне повеќе

Види и: мека (несв.)
мекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Испушти глас - ме.

наврека повеќе

(се) наврекаат
Вид збор: Глагол, свршен
За животно (коза) - врека многу, долго време до престанување.
Албански: blegëron

разблее повеќе

Види и: блее (несв.)
разблеат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да почне некој силно да блее.
Албански: blegëron
Примери:
Потихо, го разблеа стадото.
Почне силно да блее.
Албански: blegëron fort
Употреба: Зоологија
Примери:
Разблеало силно стадо.
(се разблее) Почне да блее.
Албански: blegëron
Употреба: Зоологија
Примери:
Се разблеале овците.