blind - онтологија

жалузии повеќе

Вид збор: Именка, множина
Ролетни, капаци на прозорец или врата за регулирање на светлината и воздухот.
Француски: jalousie
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
хоризонтални жалузии

заслепи повеќе

заслепат
Вид збор: Глагол, свршен
За светлина - попречи (најчесто привремено) да гледа добро.
Албански: i verbër
Примери:
Светлината му ги заслепи очите.
Заблуди некого, изгуби способност правилно и објективно да расудува.
Албански: i verbër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Славата го заслепи младиот актер.

заќори повеќе

(се) заќорат
Вид збор: Глагол, свршен
се заслепи, се заблуди
Турски: kör
Употреба: Разговорно
Примери:
Се заќори момчето по таа девојка.

обневиди повеќе

обневидат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби вид, заслепи.
Примери:
Толку многу обневидовме од големата светлина што не можевме да видиме дека потонавме во мрак.

ослепи повеќе

ослепат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане слеп.
Албански: verbëroj, qorroj
Примери:
Татко му ослепе уште на педесет години.
Лиши некого од видот, направи некого слеп.
Албански: qorroj
Примери:
Византискиот цар Василиј наредил да ги ослепат Самоиловите војници.

оќори повеќе

оќорат
Вид збор: Глагол, свршен
Hаправи некој да стане ќор.
Турски: körletmek Албански: qorroj, verboj
Примери:
Тие го оќорија детето.
Стане ќор.
Албански: qorrohem, verbohem
Примери:
Војникот оќоре од експлозијата.

сени повеќе

сенат
Вид збор: Глагол, несвршен
За светлина - засенува.
Албански: merr sytë, verbëron
Примери:
Ми ги сени очите.

слеп повеќе

слепи
Вид збор: Придавка
Лишен од вид, кој не гледа.
Примери:
Слеп роден.
Кој не забележува очигледни работи.
Примери:
Тој е слеп за сѐ што е убаво.
Кој дејствува без да размислува; кој нема разумна основа; кој дејствува стихијно.
Примери:
слепо орудие на владетелот
Кој се изведува без учество на видот.
Примери:
слеп лет
Кој нема отвор, излез; без прозорци.
Примери:
слепа улица

слепее повеќе

слепејат
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува слеп.
Албански: verbëroj
Прави слеп.
Албански: bëhet i verbër
Употреба: Ретко

слепеник повеќе

Види и: слепец (м.)
мн. слепеници
Вид збор: Именка, машки род
слепец

слепец повеќе

мн. слепци
Вид збор: Именка, машки род
слеп човек
Албански: i verbër, qorr
Употреба: Медицина
Примери:
Се собираа околу слепецот.
Човек што не забележува нешто.
Албански: i verbër, qorr
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ваков слепец уште не сум сретнал.

слепечки повеќе

Вид збор: Прилог
Без гледање, како слеп.
Примери:
Одеше слепечки.
Без мислење за последиците.
Примери:
Го прифати слепечки предлогот.

слепи повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
ослепува, слепее
Употреба: Народна поезија
Примери:
Да ти слепам до два бели града / кога немам очи да ги гледам.

слепичок повеќе

слепичка
Вид збор: Придавка

слепуток повеќе

Види и: слепок (м.)
мн. слепутци
Вид збор: Именка, машки род
слепок

ќор повеќе

Вид збор: Придавка
слеп
Примери:
Ќоро и сакато.

ќорав повеќе

Види и: ќор (прид.)
ќорави
Вид збор: Придавка
ќор

ќорле повеќе

мн. ќорлевци
Вид збор: Именка, машки род
ќорчо

ќорчо повеќе

мн. ќорчовци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е ќорав.
Употреба: Разговорно