blind - онтологија

заслепи повеќе

заслепат
Вид збор: Глагол, свршен
За светлина - попречи (најчесто привремено) да гледа добро.
Албански: i verbër
Примери:
Светлината му ги заслепи очите.
Заблуди некого, изгуби способност правилно и објективно да расудува.
Албански: i verbër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Славата го заслепи младиот актер.

заќори повеќе

(се) заќорат
Вид збор: Глагол, свршен
се заслепи, се заблуди
Турски: kör
Употреба: Разговорно
Примери:
Се заќори момчето по таа девојка.

обневиди повеќе

обневидат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби вид, заслепи.
Примери:
Толку многу обневидовме од големата светлина што не можевме да видиме дека потонавме во мрак.

ослепи повеќе

ослепат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане слеп.
Албански: verbëroj, qorroj
Примери:
Татко му ослепе уште на педесет години.
Лиши некого од видот, направи некого слеп.
Албански: qorroj
Примери:
Византискиот цар Василиј наредил да ги ослепат Самоиловите војници.

оќори повеќе

оќорат
Вид збор: Глагол, свршен
Hаправи некој да стане ќор.
Турски: körletmek Албански: qorroj, verboj
Примери:
Тие го оќорија детето.
Стане ќор.
Албански: qorrohem, verbohem
Примери:
Војникот оќоре од експлозијата.

сени повеќе

сенат
Вид збор: Глагол, несвршен
За светлина - засенува.
Албански: merr sytë, verbëron
Примери:
Ми ги сени очите.

слепее повеќе

слепејат
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува слеп.
Албански: verbëroj
Прави слеп.
Албански: bëhet i verbër
Употреба: Ретко

слепи повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
ослепува, слепее
Употреба: Народна поезија
Примери:
Да ти слепам до два бели града / кога немам очи да ги гледам.