blink - онтологија

жмерка повеќе

жмеркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ги затвора и отвора очите брзо.

замига повеќе

замигаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да мига (со очите).
Примери:
Момчето замига со очите.

замижурка повеќе

Види и: мижурка (несв.)
замижуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
За светлина, блесок - засветка, заблеска со мал интензитет.
Албански: vezullon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сонцето замижурка зад дрвјата.

затрепка повеќе

затрепкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да трепка.
Примери:
Затрепка зачестено.

кимне повеќе

кимнат
Вид збор: Глагол, свршен
намигне
Албански: bën me sy

клепа повеќе

клепаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Трепка со очите.
Албански: vezullon
Примери:
Старецот го гледаше момчето кое клепаше збунето со очите.

клепне повеќе

клепнат
Вид збор: Глагол, свршен
Трепне со очите, намигне.
Албански: kapsit sytë
Примери:
Ќе го сторам тоа без око да ми клепне.

миг повеќе

мн. мигови
Вид збор: Именка, машки род
мигнување
Албански: bëj me sy
Примери:
Направи миг со едното око и продолжи.

мига повеќе

мигаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Несвесно спојува (затвора и отвора) клепки.
Примери:
Мигаше со очите и зборуваше.

мигне повеќе

мигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи едно cпојување на клепките.
Албански: bën me sy, kapsit sytë
Даде знак со око.
Албански: bën me sy
Примери:
Само да му мигнам, ќе отрча.

молскоти повеќе

Види и: молскот (м.)
молскотат
Вид збор: Глагол, несвршен
блеска, светка
Примери:
Ѕвездите на небото молскотеа.

покима повеќе

Види и: кима (несв.)
покимаат
Вид збор: Глагол, свршен
Намигне, кима со очите малку или кратко време.
Примери:
Детето покима со десното око за да ни даде знак да молчиме.

поклепа повеќе

Види и: клепа (несв.)
поклепаат
Вид збор: Глагол, свршен
Клепа, трепка со очите малку, кратко време.

растрепка повеќе

растрепкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне почесто да трепка.
Примери:
Си ги растрепка убавите очи.
(се растрепка) Почне да трепка со очите или со трепкање даде некакви знаци.
Примери:
Таа се растрепка пред нас и поцрвене.

стрепка повеќе

стрепкаат
Вид збор: Глагол, свршен
раздвижи, движи
Примери:
Стрепка со очите.

трепери повеќе

треперат
Вид збор: Глагол, несвршен
За ѕвезди, светлост воопшто - игра, трепка, мига.
Албански: xixëllon
Примери:
Ламбичето трепери.

трепка повеќе

трепкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
клепа
Албански: kapsitë
Примери:
Трепка со очите.
светка
Албански: vezullon
Примери:
Кандилцето трепка.

трепне повеќе

трепнат
Вид збор: Глагол, свршен
клепне
Албански: kapsit syrin
Примери:
Трепне со очите.

трепнува повеќе

Види и: трепне (св.)
трепнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
трепне
Употреба: Разговорно
Примери:
(разг.) Око не му трепнува.

чкрапне повеќе

чкрапнат
Вид збор: Глагол, свршен
намигне
Албански: bëj me sy
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чкрапне со окото.