мн. блокови
Вид збор: Именка, машки род
Големо, масивно парче од нешто (камен, метал, мраз).
Албански:
bllok
Дождовите ја изделкале лавата, ја измоделирале во блокови.
Слично со:
парче (ср.)
Подврзани листови (чисти или со отпечатен текст) што можат лесно да се одвојат.
Албански:
bllok, tallon
Благајничката набави блок налози за плата.
Картонски корици со листови за цртање.
Албански:
bllok vizatimor
Самоукиот уметник гордо го носеше под мишка и својот блок.
Вид: хартија (ж.)