blossom - онтологија

зацвета повеќе

зацветаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да цвета.
Примери:
Се стопли и дрвјата зацветаа.

зацути повеќе

Види и: цути (несв.)
зацутат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да цути.
Албански: çel, lulëzoj
Примери:
Зацуте кајсијата во дворот.
Почне да напредува.
Албански: lulëzoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Зацути повторно селскиот живот.

исцвета повеќе

исцветаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со цветање.
Примери:
Овошките исцветаа и заврзаа плод.

процвета повеќе

Види и: цвета (несв.)
процветаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да цвета.
Албански: lulëzoj
Употреба: Ботаника
Постигне висок степен на развој, подем, благосостојба.
Албански: lulëzoj

процути повеќе

Види и: цути (несв.)
процутат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти цут, процвета, расцвета, расцути.
Албански: lulëzon
Примери:
Први процутија бадемите.
Се разубави, се развие во нешто убаво.
Албански: lulëzon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Девојчето просто процути.
Достигне висок степен на развиток; доживее процут.
Албански: lulëzon
Употреба: Преносно значење

расцвета повеќе

Види и: расцути (св.)
расцветат
Вид збор: Глагол, свршен
расцути
Албански: lulëzoj
Употреба: Ботаника

расцветува повеќе

Види и: расцвета (св.)
расцветуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
расцутува
Употреба: Ботаника

расцути повеќе

расцутат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти цут.
Албански: lulëzoj
Употреба: Ботаника
Примери:
Рано расцутија багремите.

расцутува повеќе

Види и: расцути (св.)
расцутуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
расцути

цавти повеќе

Види и: цвети (несв.)
цавтат
Вид збор: Глагол, несвршен
цвети
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Ружата рано цавти.

цвета повеќе

Види и: цвети (несв.)
цветаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пушта или развива цветови.
Албански: lulëzoj
Употреба: Ботаника
Примери:
Црешата цвета.
Се развива, напредува, е во подем.
Албански: lulëzon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Економијата цвета.

цвети повеќе

цветат
Вид збор: Глагол, несвршен
За растенија - пушта цвет.
Албански: çel
Употреба: Ботаника
Примери:
Цвеќиња цветат.
За човек - се наоѓа во физички расцут.
Албански: zhvillohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Лицето и цветеше како цвеќе в пролет.
Успешно се развива, напредува.
Албански: zhvillohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Вашето претпријатие сега цвети.

цветне повеќе

цветнат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение - пушти цвет.
Албански: lulëzoj
Употреба: Ботаника , Поетски збор
Примери:
Тутун и памук цветнаа таму.
разубави, расцвета
Албански: lulëzoj
Употреба: Поетски збор , Преносно значење
Примери:
Во дните нови животот цветна.

цветнува повеќе

Види и: цветне (св.)
цветнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
цветне
Употреба: Ботаника

цути повеќе

Види и: цвети (несв.)
цутат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пушта цутови, се отвора во цут.
Албански: lulëzoj
Употреба: Ботаника
Примери:
Јаболкницата цутеше.

цутне повеќе

цутнат
Вид збор: Глагол, свршен
расцветува
Примери:
Цутнало цвеќе в градина.