bow - онтологија

гудало повеќе

мн. гудала
Вид збор: Именка, среден род
Дрвена палка со жици со која се свири на жичен инструмент (виолина, гусла).
Употреба: Музика и танц

клун повеќе

мн. клунови
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што по својата форма личи на птичји клун.
Албански: hark
Употреба: Преносно значење
Примери:
Водата плиска кај ниските клунови на чуновите.

лак повеќе

мн. лакови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од кружна или од друга крива линија меѓу две точки.
Албански: hark
Употреба: Математика
Примери:
Лакот на арката е премногу ниско поставен.
Едноставно ловечко и воено оружје од кое се исфрлаат стрели.
Албански: qemer
Примери:
Нападот се извршил со лак.
Спортски реквизит за гаѓање со стрела.
Албански: qemer
Употреба: Спорт
Примери:
Тој победи во натпреварот во стрелање со лак и стрела.

наклон повеќе

мн. наклони
Вид збор: Именка, машки род
Поклонување, наведнување при поздрав и сл.
Албански: përkul, përshëndet
Примери:
Со учтив наклон на главата се разделија.

нос повеќе

мн. носови
Вид збор: Именка, машки род
Преден дел на пловен објект или на авион, брод, чун и сл.
Албански: kiç, turin
Употреба: Технологија
Примери:
Авионот заринкал со носот.

поклон повеќе

мн. поклони
Вид збор: Именка, машки род
Наведнување при поздрав во знак на голема почит или благодарност.
Албански: përkulje
Примери:
Голем поклон направи пред него.

предница повеќе

мн. предници
Вид збор: Именка, женски род
Преден дел, нос на пловно средство.
Албански: kiç, pjesa e përparme
Примери:
Предницата на бродот заринка на брегот.