bowl - онтологија

вангла повеќе

мн. вангли
Вид збор: Именка, женски род
Поголем, обично емајлиран кујнски сад со потесно дно и поширок отвор.
Примери:
Нечистите садови ги ставаше во ванглата за подоцна да ги измие.

каленик повеќе

Види и: каленица (ж.)
мн. каленици
Вид збор: Именка, машки род
каленица
Примери:
Млекото го истураше врз надробениот леб во каленикот.

каленица повеќе

мн. каленици
Вид збор: Именка, женски род
Земјен сад во вид на чинија.
Примери:
Во една рака носеше голема каленица со кисело млеко.

калица повеќе

мн. калици
Вид збор: Именка, женски род
голем сад за вода

канче повеќе

мн. канчиња
Вид збор: Именка, среден род
Мал метален сад за храна.
Албански: sahan
Примери:
Со канчиња в рака чекавме на ред за чорба.

купар повеќе

мн. купри
Вид збор: Именка, машки род
Длабок сад за течност.

леѓен повеќе

мн. леѓени
Вид збор: Именка, машки род
Поголем, обично емајлиран сад со потесно дно и поширок отвор.
Турски: leğen
Примери:
Го зеде леѓенот за да ја испере кошулата.

лучница повеќе

мн. лучници
Вид збор: Именка, женски род
Дрвен сад за толчење лук.
Употреба: Гастрономија
Примери:
Ја стави лучницата во скутот и почна да толчи.

паница повеќе

мн. паници
Вид збор: Именка, женски род
земјана чинија
Албански: tas
Примери:
(посл.) Еднему со лажица, другему со паница.

посатка повеќе

мн. посатки
Вид збор: Именка, женски род
Предмет, обично од стакло, порцелан или метал со различна форма и големина, во кој се приготвува или послужува храна, во кој може да се стави или да се чува течност, храна и сл.
Примери:
Наведната над мијалникот таа ги миеше посатките.

саан повеќе

мн. саани
Вид збор: Именка, машки род
подлабока бакарна чинија
Турски: sahan
Примери:
саан со чорба

саанче повеќе

Види и: саан (м.)
мн. саанчиња
Вид збор: Именка, среден род
саан
Употреба: Деминутив
Примери:
саанче со туршија

сад повеќе

мн. садови
Вид збор: Именка, машки род
посатка
Албански: enë
Употреба: Општество
Примери:
Немаа никакви садови.

сан повеќе

Види и: саан (м.)
Вид збор: Именка, машки род
саан
Употреба: Дијалектен збор

тас повеќе

мн. тасови
Вид збор: Именка, машки род
Метален сад за црпење вода при капење и сл.
Турски: tas
Метален берберски сад.
Примери:
тас со спуница

чанак повеќе

мн. чанаци
Вид збор: Именка, машки род
Длабок сад за јадење; се употребува и за толчење лук, пиперки и сл.
Турски: çanak

чанче повеќе

мн. чанчиња
Вид збор: Именка, среден род
чанак
Албански: tas, pjatë
Употреба: Деминутив