bud - онтологија

напупи повеќе

напупат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение - пупи доволно, добие голем број пупки.
Албански: çel, qet sytha
Примери:
Дрвјата напупија.

окце повеќе

мн. окца
Вид збор: Именка, среден род
Пупка, место од каде што развиваат млади гранчиња.
Албански: gonxhe
Употреба: Ботаника
Примери:
При калемење важно е колку окца има на гранката.

пупи повеќе

пупат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пушта пупки.
Албански: qet thyse
Употреба: Ботаника
Примери:
Во градината напролет цвеќињата пупеа.

пупка повеќе

мн. пупки
Вид збор: Именка, женски род
Зародиш на изданка или на цвет, често опколен од лушпести ливчиња.
Албански: burbuqe, gonxhe
Употреба: Ботаника
Примери:
Млада е како пупка на цвеќе.

распука повеќе

распукаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се распука) распупи
Албански: gonxhe
Употреба: Ботаника
Примери:
Овошките се распукаа.