bundle - онтологија

бовча повеќе

мн. бовчи
Вид збор: Именка, женски род
Врзоп со предмети, обично алишта, шамија, чаршаф, скутник и сл.
Турски: bohça Албански: bohçë
Примери:
Донка со бовчите пред неа се намести до пајтонџијата.

вандак повеќе

мн. вандаци
Вид збор: Именка, машки род
Врзоп, сноп, нешто врзано во сноп или куп.
Примери:
Вандак сено.

врзанка повеќе

мн. врзанки
Вид збор: Именка, женски род
врзоп
Албански: tufë, deng, lidh
Примери:
Една врзанка слама.

врзатка повеќе

Види и: врзоп (м.)
мн. врзатки
Вид збор: Именка, женски род
врзоп
Примери:
Зграпчи една врзатка од фалшивите книжни пари.

врзол повеќе

мн. врзли
Вид збор: Именка, машки род
Нешто врзано во крпа.
Примери:
Врзол жолтици.

врзоп повеќе

мн. врзопи
Вид збор: Именка, машки род
Повеќе предмети, нешта што се врзани во нешто или заврзани заедно.
Примери:
Домарот стоеше пред влезот со врзоп клучеви.

врска повеќе

мн. врски
Вид збор: Именка, женски род
Повеќе предмети, обично еднородни, врзани заедно.
Албански: lidhje
Примери:
врска клучеви

денк повеќе

мн. денкови
Вид збор: Именка, машки род
Количество од предмети, од материјали или од стока врзана, завиткана, спакувана и сл.
Турски: denk Албански: ballë, denk
Примери:
Денкови со рогозина.

заврзок повеќе

мн. заврзоци
Вид збор: Именка, машки род
Нешто што е заврзано, врзано.
Албански: lidhje

заврска повеќе

мн. заврски
Вид збор: Именка, женски род
врзулец, врзоп
Албански: tuf, vandak
Употреба: Дијалектен збор

китка повеќе

мн. китки
Вид збор: Именка, женски род
Сноп од растенија или зачини врзани заедно.
Албански: tufë
Примери:
китка магдонос

наснопи повеќе

наснопат
Вид збор: Глагол, свршен
Врзе ожнеано жито или нешто друго во снопови.
Употреба: Земјоделство

ракатка повеќе

мн. ракатки
Вид збор: Именка, женски род
Количина жито, трева колку што може да се опфати со една рака.
Примери:
ракатка жито

ракојатка повеќе

Види и: ракатка (ж.)
мн. ракојатки
Вид збор: Именка, женски род
ракатка

сврзе повеќе

сврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Собере на едно место, заврзе во нешто.
Албански: lidh
Примери:
Ги собра тетратките и ги сврза во еден пакет.

сноп повеќе

мн. снопови
Вид збор: Именка, машки род
Голема врска од ожнеани класје.
Албански: demet, duj
Употреба: Земјоделство
Примери:
Снопјето ги однесе водата.
Еднородни предмети врзани заедно.
Албански: deng, vandak
Примери:
сноп банкноти
Поток, струја од нешто, обично зраци, искри и сл.
Албански: rreze
Употреба: Преносно значење
Примери:
снопови светлина

снопи повеќе

снопат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врзува снопче.
Примери:
Ќе ја снопиме пченицата.

снопче повеќе

Види и: сноп (м.)
мн. снопчиња
Вид збор: Именка, среден род
сноп
Употреба: Деминутив
Примери:
Секое снопче по кило жито.

топче повеќе

мн. топчиња
Вид збор: Именка, среден род
врска
Албански: tufë, deng
Примери:
Едно топче пари, банкноти (стотки, илјадарки).