careless - онтологија

безгрижен повеќе

безгрижни
Вид збор: Придавка
Што е без грижа, што е ослободен од грижи.
Примери:
Безгрижни години.

комотен повеќе

комотни
Вид збор: Придавка
Спокоен, безгрижен, што не се напрега.
Француски: commode
Примери:
Учениците беа комотни и расположени.

лекомислен повеќе

лекомислениот
Вид збор: Придавка
Што лесно, непромислено прима сѐ, што е површен, несериозен, наивен, подводлив.
Примери:
лекомислено однесување

лекоумен повеќе

Види и: лесноумен (прид.)
лекоумниот
Вид збор: Придавка
Што не размислува многу.
Примери:
Лекоумни деца.

лесномислен повеќе

Види и: лекомислен (прид.)
лесномислениот
Вид збор: Придавка
лекомислен
Примери:
лесномислена постапка

лесноумен повеќе

Види и: лекоумен (прид.)
лесноумниот
Вид збор: Придавка
Што не размислува многу.
Примери:
лесноумно однесување

невнимателен повеќе

невнимателниот
Вид збор: Придавка
Што не е внимателен.
Примери:
Ништо не можеше да му се довери, зашто беше многу невнимателен.

негрижлив повеќе

негрижливиот
Вид збор: Придавка
Што не се грижи.

незагрижен повеќе

незагрижени
Вид збор: Придавка
Што не е загрижен.

немарен повеќе

немарниот
Вид збор: Придавка
Што не се грижи, не води сметка.
Примери:
немарен работник

непретпазлив повеќе

непретпазливиот
Вид збор: Придавка
Што не е претпазлив, што не презема мерки на претпазливост.
Примери:
непретпазлив работник