carriage - онтологија

карета повеќе

мн. карети
Вид збор: Именка, женски род
Вид покриена кола, влечена од коњи за превоз на луѓе.
Употреба: Транспорт
Примери:
Девојките излегоа од убавите карети.

колесница повеќе

мн. колесници
Вид збор: Именка, женски род
Луксузна, богато украсена кола.
Употреба: Архаизам
Примери:
торжествена колесница

кочија повеќе

мн. кочии
Вид збор: Именка, женски род
Bид патничка кола со подвижен покрив.
Примери:
Се вози со кочија.

пајтон повеќе

мн. пајтони
Вид збор: Именка, машки род
Луксузна отворена, со настрешница, коњска кола за превоз на патници.
Турски: payton Албански: pajton, karrocë, qerre
Употреба: Архаизам
Примери:
(ирон.) Ќе одел со на аџи-Пеша пајтонот.