charm - онтологија

волшепство повеќе

мн. волшепства
Вид збор: Именка, среден род
Убавина, нешто што восхитува, што привлекува.
Албански: sharm, magji
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од нејзиното лице исчезна сето волшепство.

драж повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
шарм, убавина, грациозност
Српски: драж
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Нејзината драж го зашемети.

забае повеќе

забаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бае.
Албански: bëj magji
Примери:
Само што забаја бабата, детето ги отвори очите.
Побае некому малку, набрзина.
Албански: bëj magji
Примери:
Се доближи до жената и ѝ забаја нешто.
Изврши баење некому.
Албански: fall
Примери:
Прати нишан да ѝ забајат.

талисман повеќе

мн. талисмани
Вид збор: Именка, машки род
Според суеверните сфаќања - мал предмет со магиска сила, кој носи среќа, успех.

чар повеќе

мн. чари
Вид збор: Именка, женски род
Неодолива драж, заводливост, привлечност.
Примери:
Пленуваше со нејзината чар во очите.

шарм повеќе

шармот
Вид збор: Именка, машки род
привлечност, допадливост, симпатичност
Француски: charme

шармантност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
привлечност, допадливост

шармира повеќе

шармираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
привлекува, освојува