chaser - онтологија

гонител повеќе

мн. гонители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што гони некого со цел да го фати.
Примери:
Меѓутоа, нему му се чинеше дека некои непознати гонители го гонат, или барем го следат.

прогонител повеќе

мн. прогонители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што прогонува некого.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Им побегна на неговите прогонители.

прогонувач повеќе

мн. прогонувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што прогонува, што осудува некого на прогонство.
Примери:
Тој беше негов вечен прогонувач.

хајкач повеќе

мн. хајкачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што учествува во хајка.

хајкаџија повеќе

Види и: хајкач (м.)
мн. хајкаџии
Вид збор: Именка, машки род
хајкач