chatterbox - онтологија

брборка повеќе

мн. брборки
Вид збор: Именка, женски род
Жена што многу брбори.
Примери:
Таа е голема брборка.

брборко повеќе

мн. брборковци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што многу зборува, што брбори.
Примери:
Брборко е тој и знае само да брбори.

брборливец повеќе

мн. брборливци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што многу зборува, што брбори.
Примери:
Тој е голем брборливец.

кречетало повеќе

мн. кречетала
Вид збор: Именка, среден род
Тој што многу зборува.
Албански: fjalaman, llafazan
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Чаршиски кречетала.

пљампало повеќе

мн. пљампала
Вид збор: Именка, среден род
Тој што дрдори многу, зборува без врска.