chemical - онтологија

хемикалија повеќе

мн. хемикалии
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) Производи на хемиските фабрики, хемиски препарати.
Албански: kimikalje
Употреба: Хемија

хемиски повеќе

хемиска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на хемијата, на областа на хемијата, што се изучува од хемијата.
Албански: kimik
Употреба: Хемија
Примери:
хемиска анализа
Што е предназначен, што служи за работа по хемија, што се однесува на работата на хемичар.
Албански: kimik
Употреба: Хемија
Примери:
хемиска индустрија
Што се извршува со хемикалии.
Албански: kimik
Употреба: Хемија
Примери:
хемиско бојадисување и чистење
Сврзан со примената на методите на хемијата во производството.
Албански: kimik
Употреба: Хемија
Примери:
хемиска обработка
Сврзан со примени на производите на хемијата за воени цели.
Албански: kimik
Употреба: Воен термин
Примери:
хемиска војна