cob - онтологија

дудуле повеќе

мн. дудулиња
Вид збор: Именка, среден род
Клас од пченка со зрна.
Примери:
зрели дудулиња

дудулка повеќе

мн. дудулки
Вид збор: Именка, женски род
Кочан без зрна.
Примери:
Го разгорев огнот со дудулка.

клавче повеќе

Види и: клас (м.)
мн. клавчиња
Вид збор: Именка, среден род
клаc
Албански: kalliçkë
Употреба: Ботаника , Деминутив
Примери:
клавчиња пченка

клас повеќе

мн. класови
Вид збор: Именка, машки род
Кочан од пченка со зрната.
Албански: kalli
Употреба: Ботаника
Примери:
Со недосронет клас пченка го затекна среде работа.

класинка повеќе

мн. класинки
Вид збор: Именка, женски род
Изронет пченкарен клас.
Албански: koçan, kërcyell
Употреба: Ботаника

кочан повеќе

мн. кочани
Вид збор: Именка, машки род
Плод од пченка сосе зрната или без нив.
Турски: koçan Албански: kërcyell, koçan
Употреба: Ботаника
Примери:
Оронет кочан од пченка.

кочанка повеќе

мн. кочанки
Вид збор: Именка, женски род
Кочан од пченка без зрната, остаток од изронет плод од пченка.
Албански: kalli
Употреба: Ботаника
Примери:
исушена кочанка

кужељ повеќе

мн. кужели
Вид збор: Именка, машки род
Оронет пченкарен клас.

цаблан повеќе

мн. цаблани
Вид збор: Именка, машки род
Плод од пченка со и без зрна.
Албански: kalli
Употреба: Ботаника , Дијалектен збор