collector - онтологија

колектор повеќе

мн. колектори
Вид збор: Именка, машки род
Главна, собирна канализациска цевка во населено место.
Примери:
Почна со реализација третата фаза од изградбата на фекалниот колектор.
Собирач (на прилози, данок).
Апсорбирање на сончевата енергија.
Примери:
сончеви колектори

колекционер повеќе

мн. колекционери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што собира реткости, уметнички предмети и слично за колекција.
Примери:
Соседот беше страстен колекционер на старини.

прибирач повеќе

мн. прибирачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што прибира.

собирач повеќе

мн. собирачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со собирање на нешто.
Примери:
Собирач на народни песни.