мн. колоси
Вид збор: Именка, машки род
Суштество со огромен, џиновски раст, џин, или предмет (статуа, градба) со огромна големина.
Албански:
kolos
Планинските колоси испуштија крикови до сонцето.
Тој или тоа што се истакнува со својата големина, важност, значење.
Примери:
Израсна во творечки колос.