comb - онтологија

влачило повеќе

мн. влачила
Вид збор: Именка, среден род
Алатка со железни запци за влачење волна, лен и сл.
Примери:
Брзо научи како да го држи влачилото.

гребен повеќе

мн. гребени
Вид збор: Именка, машки род
(мн. гребни) Алатка со железни запци за чешлање, влачење на волна, лен и сл.
Албански: krehër

зачешла повеќе

Види и: чешла (несв.)
зачешлаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да чешла.
Албански: kreh
Примери:
Таа ја зачешла долгата бујна коса со бавни и хармонични движења на рацете.
Исчешла малку, набрзина.
Албански: kreh
Примери:
Мајката не успеа ни да го измие детето, само го зачешла набрзина.
Со чешлање среди коса.
Албански: kreh
Примери:
Тој ја зачешла косата на патец.
(се зачешла) Почне да се чешла.
Албански: kreh
Примери:
Се зачешла гледајќи се во огледалото и се замисли.
(се зачешла) Се исчешла малку, набрзина.
Албански: kreh
Примери:
Набрзина стана, се изми, се зачешла и истрча надвор.
(се зачешла) Со чешлање си ја среди косата.
Албански: kreh
Примери:
Тој се зачешла нагоре.

исчешла повеќе

исчешлаат
Вид збор: Глагол, свршен
Уреди коса со чешлање.
Албански: kreh
Примери:
Се изми и ја исчешла косата.
(се исчешла)
Албански: krihem
Примери:
Се исчешла и ја врза косата во опашка.

кикиритка повеќе

мн. кикиритки
Вид збор: Именка, женски род
кикиришка
Албански: krehër
Употреба: Зоологија

кикиришка повеќе

мн. кикиришки
Вид збор: Именка, женски род
Месест, црвен и назабен израсток на глава на кокошка, петел, мисирка и сл.
Употреба: Зоологија
Примери:
Петлето имаше бело тенко клунче, а на главата црвена кикиришка.

натимари повеќе

натимарат
Вид збор: Глагол, свршен
Со тимарење добро исчисти коњ или друг добиток.

начешла повеќе

начешлаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со чешлање убаво замазни коса наназад.
Албански: kreh
Примери:
Косата му беше секогаш начешлана.
Уреди коса со чешлање.
Албански: kreh
Примери:
Наоѓаше време и да ги начешла децата пред да ги пушти на училиште.
(се начешла) Си ја замазни косата.
Албански: kreh
(се начешла) Се исчешла.
Албански: kreh

очешла повеќе

Види и: исчешла (св.)
очешлаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) исчешла

подзачешла повеќе

Види и: зачешла (св.)
подзачешлаат
Вид збор: Глагол, свршен
Зачешла некого малку.
Албански: kruaj pak
Примери:
Мајката го подзачешла девојчето пред да го пушти на улица.
(се подзачешла) Се чешла малку, донекаде, нецелосно.
Албански: kruaj pak
Примери:
Се подзачешла, се нацрви и излезе од дома.

поисчешла повеќе

Види и: исчешла (св.)
поисчешлаат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчешла малку или уште малку.
Албански: kreh pak
Примери:
Таа ја поисчешла косата.
(се поисчешла) Се исчешла малку или уште малку.
Албански: krihem pak
Примери:
Се поисчешла и замина.

поначешла повеќе

Види и: начешла (св.)
поначешлаат
Вид збор: Глагол, свршен
Начешла, исчешла малку, донекаде.
Примери:
Ги поначешла кркмите.

порасчешла повеќе

Види и: расчешла (св.)
порасчешлаат
Вид збор: Глагол, свршен
Расчешла малку или уште малку, донекаде.
Примери:
Таа си ја порасчешла косата.

почеша повеќе

почешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Чеша (со раце), лачи волна малку, кратко време.
Албански: kruaj
Употреба: Дијалектен збор

прочешла повеќе

Види и: чешла (несв.)
прочешлаат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчешла набрзина, како било.
Албански: kreh
Примери:
Ја прочешла косата.
Детално пребара, истражи некоја работа.
Албански: kërkoj detaisht, kreh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги прочешлавме сите документи и не најдовме ништо сомнително.

расчешла повеќе

расчешлаат
Вид збор: Глагол, свршен
За коса, волна - чешла.
Албански: kreh
Примери:
Да расчешлам коси, мајко ле.

реши повеќе

(се) решат
Вид збор: Глагол, несвршен
чешла
Албански: krehër
Употреба: Дијалектен збор

тарак повеќе

мн. тараци
Вид збор: Именка, машки род
Вид чешел за лен и кожи.
Турски: tarak

фуфул повеќе

фуфулот
Вид збор: Именка, машки род
кикиришка на петел, на кокошка
Употреба: Зоологија

чешел повеќе

мн. чешли
Вид збор: Именка, машки род
За чешлање коса на човек.
Албански: krehër
За чешлање добиток
Албански: griba, kruese

чешелче повеќе

Види и: чешел (м.)
мн. чешелчиња
Вид збор: Именка, среден род
чешел
Употреба: Деминутив

чешла повеќе

чешлаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Суредува коса, брада, мустаќи со чешел.
Албански: kreh
Употреба: Пословнично
Темелно разгледува, прегледува, претресува нешто.
Албански: krehem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Полицијата го чешла теренот во потрага по убиецот.
(се чешла) Се суредува со чешел.
Албански: krehem

чешле повеќе

Види и: чешел (м.)
мн. чешлиња
Вид збор: Именка, среден род
чешел
Употреба: Деминутив

чешлиште повеќе

Види и: чешел (м.)
Вид збор: Именка, среден род
чешел
Употреба: Аугментатив