contribution - онтологија

влог повеќе

мн. влогови
Вид збор: Именка, машки род
Придонес кон некоја позитивна идеја.
Албански: kontribut
Употреба: Преносно значење
Примери:
Влогот на Пулевски во културната историја на македонскиот народ.

контрибуција повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Заеднички придонес, воен намет што го зема окупаторот од окупираното население.
Албански: kontribut

придонес повеќе

мн. придонеси
Вид збор: Именка, машки род
Влог кон нешто (во пари, во работа, во идеја).
Албански: kontribut
Примери:
Паричен придонес.

прилог повеќе

мн. прилози
Вид збор: Именка, машки род
Напис во кој се соопштува за нешто непознато или се разгледува некое прашање од областа на културата.
Албански: plotësim, aneks
Примери:
Во првиот број од списанието се објавени пет прилога.
Принос, придонес кон / во нешто.
Албански: kontribut
Примери:
На полето на естетиката тој го даде својот евидентен прилог.

принос повеќе

(едн.) приносот
Вид збор: Именка, машки род
придонес
Албански: kontribut

самопридонес повеќе

мн. самопридонеси
Вид збор: Именка, машки род
Договорен личен придонес што го даваат граѓаните (во пари или работа) за некаква заедничка цел (изградба на пат, болница).
Употреба: Економија
Примери:
Општината организира неколку самопридонеси.