copy - онтологија

дупликат повеќе

мн. дупликати
Вид збор: Именка, машки род
Копија, втор примерок што е ист со оригиналот според содржината, формата и сл.
Примери:
Клучот има дупликат.

испис повеќе

мн. исписи
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што е испишано, препишано од некаков текст.
Албански: përshkrim
Примери:
Исписи од архива.

копија повеќе

мн. копии
Вид збор: Именка, женски род
Точен препис на некој текст или документ.
Албански: kopje
Употреба: Административен термин
Примери:
копија на тестаментот
Сличност со некој друг.
Албански: kopje
Употреба: Разговорно
Примери:
Детево е копија на дедо си.
Фотокопија направена на фотокопир.
Албански: kopje
Употреба: Информатика

препис повеќе

мн. преписи
Вид збор: Именка, машки род
Препишан текст од друг текст.
Примери:
Заверен препис на диплома.

репродукција повеќе

мн. репродукции
Вид збор: Именка, женски род
Цртеж, слика, фотографска снимка, музичка снимка произведена на механички начин.
Албански: kopje
Примери:
Кај него можеа да се најдат и репродукции од стари мајстори.

фотокопија повеќе

мн. фотокопии
Вид збор: Именка, женски род
Репродукција на оригиналот добиена со копирање на фотокопирен апарат.
Употреба: Информатика
Примери:
Во прилог Ви доставувам фотокопија од документот.