cotton - онтологија

бубаќ повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
памук
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Платното за кошула се изработува од памук бубаќ на следниот начин: Најпрвин бубаќот се вие на вител за да се отстранат семките, а потоа се развлачува на лак и тетива и тенко се преде на вретено.

памбук повеќе

Види и: памук (м.)
Вид збор: Именка, машки род
памук
Употреба: Дијалектен збор

памук повеќе

(едн.) памукот
Вид збор: Именка, машки род
Индустриска култура чиј плод се користи за изработка на текстилно влакно.
Латински: Gossypium herbaceum Турски: pamuk Албански: pambuk
Употреба: Ботаника
Примери:
Некогаш полињата се белееја од цветот на памукот.
Влакна од памуков плод.
Турски: pamuk Албански: pambuk
Примери:
чешлан памук
вата
Турски: pamuk Албански: pambuk
Употреба: Медицина
Примери:
Стави памук во ушите, ако не сакаш да слушаш!
Текстилна ткаенина од памук.
Турски: pamuk Албански: pëlhurë pambuku
Примери:
Кошулата е од чист памук.

ќетен повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
памук
Турски: keten
Употреба: Архаизам
Примери:
платно од ќетен