credit - онтологија

вересија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Кредит, купување или давање на доверба, на почек.
Турски: veresiye Албански: veresi
Употреба: Економија
Примери:
Во селскиот дуќан даваа стока на вересија.

кредит повеќе

мн. кредити
Вид збор: Именка, машки род
Доверба што ја ужива некој во поглед на извршувањето на своите обврски.
Албански: kredi, besim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Партиите веќе немаат политички кредит кај народот.

кредитен повеќе

кредитни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на кредит.
Албански: kreditorë
Употреба: Економија
Примери:
кредитни средства, кредитен систем

кредитира повеќе

кредитираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава кредит некому.
Употреба: Економија
Примери:
Банките го кредитираат стопанството.

позитива повеќе

позитивата
Вид збор: Именка, женски род
позитивен износ
Употреба: Економија
Примери:
позитива од шест поени

почек повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Одложено плаќање во трговијата; продадената и земената стока се плаќа подоцна, со чекање извесно време.
Албански: pritje, kredi
Употреба: Економија
Примери:
Од продавницата ми рекоа дека може на почек да купувам.