croak - онтологија

закрека повеќе

Види и: крека (несв.)
закрекаат
Вид збор: Глагол, свршен
За жаба - почне да крека.
Примери:
Од барата закрекаа жаби.

закрка повеќе

закркаат
Вид збор: Глагол, свршен
закрека
Албански: ha, ushqej
Употреба: Дијалектен збор

крека повеќе

крекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За жаба - испушта гласови.
Албански: krekos
Употреба: Зоологија
Примери:
Крекаат жабите од барата.

крекне повеќе

крекнат
Вид збор: Глагол, свршен
крека
Примери:
Како да крекна жаба.

кркори повеќе

кркорат
Вид збор: Глагол, несвршен
крека
Албански: kuak, krekos

покрека повеќе

Види и: крека (несв.)
покрекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Крека малку, кратко време.

пцовиса повеќе

пцовисаат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - умре недостојно, како животно.
Албански: cof
Употреба: Груб збор , Преносно значење
Примери:
Богатиот скржавец пцовисал.

расквака повеќе

Види и: квака (несв.)
(се) расквакаат
Вид збор: Глагол, свршен
За жаба - почне многу да квака.
Примери:
Ќе врне, се расквакале жабиве.

расквакува повеќе

Види и: расквака (св.)
(се) расквакуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) расквака

раскрека повеќе

Види и: крека (несв.)
(се) раскрекаат
Вид збор: Глагол, свршен
За жаба - почне многу да крека.
Албански: krekos
Употреба: Зоологија
Примери:
Сма се раскрекале жабиве.
Почне многу да зборува, да зборува на висок глас.
Албански: krekos
Употреба: Преносно значење
Примери:
Што се раскрекале децана?

скрека повеќе

скрекат
Вид збор: Глагол, свршен
За жаба - почне одеднаш да крека.
Албански: krekos
Примери:
Скрекаа жабите во мочуриштето.