curl - онтологија

кадра повеќе

мн. кадри
Вид збор: Именка, женски род
Извиткано, свиткано перче коса.
Албански: dredhë, kaçurrel
Примери:
Некој му ја симна шапката и го зграпчи за неуредните кадри.
Што личи, што е сличен на кадра.
Албански: dredhë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од врвот на планината се протегнаа како змии кадрите на облаците.

кадрица повеќе

Види и: кадра (ж.)
мн. кадрици
Вид збор: Именка, женски род
кадра

лимба повеќе

мн. лимби
Вид збор: Именка, женски род
Перче коса, кадрица.
Албански: kaçurrel
Примери:
Стоеше пред огледалото и ги мазнеше црните лимби.

локна повеќе

мн. локни
Вид збор: Именка, женски род
Извиткано перче коса.
Германски: Locke
Примери:
Си виткаше локни cо показецот.

сугурец повеќе

мн. сугурци
Вид збор: Именка, машки род
(само мн.) Извиткано перче коса.
Примери:
Од нервоза му се засука косата во сугурци.