cut - онтологија

врез повеќе

мн. врезови
Вид збор: Именка, машки род
Засек, засекување на нешто.
Примери:
Според правењето на врезот, постојат повеќе начини на калемење.

засек повеќе

мн. засеци
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што е засечено со нож или со некој друг остар предмет во дрво и др.
Албански: prerje
Примери:
калемење на засек

исеченица повеќе

мн. исеченици
Вид збор: Именка, женски род
Пресечено место, рана од исекување.
Употреба: Медицина

пресек повеќе

мн. пресеци
Вид збор: Именка, машки род
Рамна површина по која е пресечен некаков предмет, реално или на цртеж.
Албански: prerje
Употреба: Технологија
Примери:
Пресекот на правоаголна пирамида е правоаголник.

рез повеќе

мн. резови
Вид збор: Именка, машки род
пресек
Албански: prerje
Примери:
Резот ти е многу голем.

сек повеќе

мн. секови
Вид збор: Именка, машки род
засек, пресек, расек, расцеп
Албански: prerje
Примери:
длабок сек

сеченица повеќе

мн. сеченици
Вид збор: Именка, женски род
пресечено место

шнит повеќе

мн. шнитови
Вид збор: Именка, машки род
Нацрт, модел за нешто што треба да се шие.
Германски: Schnitt