затворени
Вид збор: Придавка
За боја - што не е светла, што е темна.
Примери:
Секогаш носеше облека со затворени бои.
мрачни
Вид збор: Придавка
Исполнет со мрак.
Примери:
мрачен тунел, мрачна визба
мачен, тежок
Примери:
мрачен поглед, мрачни мисли
тежок, нејасен, неразбирлив
Примери:
Неговите слики се премногу мрачни.
тежок, неподнеслив, безрадосен
Примери:
Ја опишува грубата и мрачна реалност во туѓина.
мркиот
Вид збор: Придавка
мрачен, темен
Примери:
Во планина мрка гроб нека ме скрие.
неосветлениот
Вид збор: Придавка
Што е без светло, што не е осветлен.
Примери:
Неосветлена просторија.
темни
Вид збор: Придавка
мрачен, неосветлен
Примери:
темна коњушница
(за боја) Што оди кон црно или позатворено.
Примери:
Јас сум стара жена, сакам да ми купиш нешто потемно за фустан.
Низ кој поминува слаба светлина.
Примери:
темно стакло
лош, мрачен
Примери:
темни нагони
темничава
Вид збор: Придавка
Што тежи кон мрачен, темен.
Примери:
Појди во оној дол темничав и таму ќе видиш што станало.
Вид збор: Префикс
Прв составен дел на сложени придавки во кои основната придавка означува најчесто некоја боја; значи дека е односната боја со темна нијанса.
Примери:
темножолт, темнозелен, темноцрвен
Вид збор: Именка, среден род
темнина
Примери:
Работата ја свршивме по темно.
црни
Вид збор: Придавка
Кој има боја блиска до црната, кој е потемен во споредба со обичната боја.
Примери:
Имаше убаво црно лице.