dawn - онтологија

забелее повеќе

(се) забелеат
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави виделина, светлина.
Албански: zbardhet, gdhin
Употреба: Безлично
Примери:
На исток се забелеа.

зазори повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
(се зазори) Настапи зора.
Албански: gdhin, agon
Употреба: Безлично
Примери:
Се зазори пред да ја решам задачата.

зори повеќе

зорат
Вид збор: Глагол, несвршен
За зора - се појавува првата дневна светлина, се раѓа зора.
Албански: agon
Примери:
Зората зори.
(се зори) Се појавува првата дневна светлина, се раѓа зора.
Албански: agon
Примери:
Веќе се зореше зората.

раздени повеќе

разденило
Вид збор: Глагол, свршен
(преод.) развидели, самне
Албански: agon, gdhin
Употреба: Безлично , Преносно значење
Примери:
И го разденило на една планина.
(се раздени) Стане видело, осамне.
Албански: gdhin, zbardh, agon
Употреба: Безлично
Примери:
Додека се врати од работа, се раздени.

разденува повеќе

Види и: раздени (св.)
(се) разденуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) раздени
Примери:
Веќе се разденува!

самне повеќе

(се) самнало
Вид збор: Глагол, свршен
Се најде некаде кога ќе се раздени.
Албански: agon, gdhin
Примери:
Побрзајте, зашто ќе не самне.