deforestation - онтологија

голосек повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Оголено место од сеча на шума.
Употреба: Екологија
Примери:
На многу места на Јабланица има голосек, а највоочливо е помеѓу селата Вишни и Горна Белица каде е исечена голема површина шума.

горолом повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Планинско место каде што ветрот ги турнал или ги навалил дрвјата.
Албански: mal me druj të thyer, të lakuar
Примери:
Во габеровата гора негде имаше густеж, негде горолом.

сек повеќе

мн. секови
Вид збор: Именка, машки род
Место во шума каде што се дрвјата исечени.
Употреба: Екологија

сечиште повеќе

мн. сечишта
Вид збор: Именка, среден род
Шума каде што дрвјата се исечени.
Албански: pyll me dru të prerë
Употреба: Екологија