depth - онтологија

длабина повеќе

Види и: длабочина (ж.)
мн. длабини
Вид збор: Именка, женски род
Растојание од површината, од врвот на нешто до дното; длабочина.
Албански: thellësi
Примери:
Долу во длабините на кладенецот тропотливо одѕвонуваа камењата.
Место или простор оддалечен од почетокот на нешто, во внатрешноста, во средината на нешто.
Албански: thellësi
Примери:
Полека навлегоа во длабините на густата шума.
Длабока смисла, длабоко навлегување во некој проблем, темелно разгледување.
Албански: mendim i thellë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговото дело се карактеризира со длабина и мудрост.

длабочина повеќе

Види и: длабина (ж.)
мн. длабочини
Вид збор: Именка, женски род
Растојанието од површината, од врвот на нешто до дното или до некоја точка надолу.
Албански: thellësi
Примери:
Морска длабочина.
Простор, пространство што се наоѓа на голема оддалеченост од површината.
Албански: thellësi
Примери:
Се сретнувал со нив во длабочините на водата и знае дека тие се погодни за пливање.
Место или простор оддалечен од почетокот на нешто, во внатрешноста, во средината на нешто.
Албански: thellësi
Примери:
Гледаше во длабочината на дворот чекајќи важен гостин или настан.
Длабока смисла, длабоко навлегување во некој проблем, темелно разгледување.
Албански: thellësi
Примери:
Природно беше што не ја сфатив длабочината на нивната љубов.