discuss - онтологија

врти повеќе

вртат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се врти) За расправа, разговор - се води околу нешто.
Албански: sillet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Расправата се врти околу платите.

дискутира повеќе

дискутираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Учествува во дискусија.
Албански: diskuton
Примери:
Долго дискутираа.

подискутира повеќе

подискутираат
Вид збор: Глагол, свршен
Дискутира малку, кратко време.
Примери:
Подискутиравме малку како ќе работиме понатаму.

поразговара повеќе

Види и: разговара (несв.)
поразговараат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поразговара) Поразговара малку еден со друг.
Албански: bisedoj, diskutoj
Примери:
Ќе се поразговара за сите отворени прашања.

претресе повеќе

претресат
Вид збор: Глагол, свршен
Разгледа детално, расправи, продискутира по некое прашање.
Албански: shtjelloj, shqyrtoj
Примери:
Ги претресоа сите точки од дневниот ред.

продискутира повеќе

Види и: дискутира (несв.)
продискутираат
Вид збор: Глагол, свршен
Дискутира малку, кратко време; поразговара за нешто.
Примери:
Да продискутираме и да се изјаниме.

расправи повеќе

расправат
Вид збор: Глагол, свршен
Претресе некое прашање.
Албански: diskutoj, sqaroj
Примери:
Го расправивме најпосле тој проблем.