демонтираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Разглоби, разглобува на составни делови (машина, уред, предмет), врши, изврши демонтажа.
Примери:
Ќе ја демонтираме радиостаницата.
отшрафат
Вид збор: Глагол, свршен
Одврти шраф или нешто што е на навој.
Примери:
Ги отшрафив сите шрафови.
Вид збор: Глагол, несвршен
разглобат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели делови на нешто зглобено, споено, соединето.
Примери:
Ја разглоби машината и не знаеше пак да ја состави.
размонтираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Разглоби, растури нешто монтирано.
Примери:
За час ја размонтираа машината.
расклопат
Вид збор: Глагол, свршен
Раздели нешто на составни делови.
Примери:
Можеше да ја расклопи целата машина.
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) растури
Примери:
И земам го растурам разбојот.