мн. дистрибутери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што врши распределба на нешто, што врши дистрибуција.
мн. доставувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што доставува нешто.
Албански:
distributor, furnizues
Примери:
Нашиот доставувач на храна доаѓаше секогаш во исто време.
мн. раздавачи
Вид збор: Именка, машки род
Оној што раздава, што разнесува нешто.
мн. разнесувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што разнесува покани, писма и сл.
Примери:
разнесувач на покани, разнесувач на млеко
Вид збор: Именка, машки род
Направа за распределување.
Примери:
Граѓаните многу ќе заштедат доколку на радијаторите ги постават таканаречените распределители на топлинска енергија.