district - онтологија

вилает повеќе

мн. вилаети
Вид збор: Именка, машки род
Област во Турското Царство со која управувал валија.
Турски: vilayet Албански: vilajet, distrikt
Употреба: Историја
Примери:
Битолски вилает

дистрикт повеќе

мн. дистрикти
Вид збор: Именка, машки род
Управна единица во некои земји.
Албански: distrikt
Употреба: Административен термин
област, регија
Албански: distrikt, rajon
Употреба: Географија

кадилак повеќе

мн. кадилаци
Вид збор: Именка, машки род
Област во која суди еден кадија.
Турски: kadılık Албански: qark ku gjykon kadia
Употреба: Историја , Правда

каза повеќе

мн. кази
Вид збор: Именка, женски род
Административно-управна единица во Отоманска Турција.
Турски: kaza
Употреба: Историја

кварт повеќе

мн. квартови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од градот, градска четврт.
Примери:
Таа живее во новиот кварт од градот.

квартал повеќе

мн. квартали
Вид збор: Именка, машки род
кварт
Албански: kuart, distrikt
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Тој cе отсели во централниот квартал на градот.

маало повеќе

мн. маала
Вид збор: Именка, среден род
Одделен дел на градска или селска населба.
Турски: mahalle Албански: lagje, mehallë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Ги прашуваше од кое маало се.

мудурлук повеќе

мн. мудурлаци
Вид збор: Именка, машки род
Подрачје на власта на мудурот.
Турски: müdürlük Албански: distrikt i mydyrit
Употреба: Административен термин , Историја

нахија повеќе

мн. нахии
Вид збор: Именка, женски род
Административна област во Отоманското Царство.
Турски: nahiye
Употреба: Административен термин , Историја
Примери:
Татко му Благоја беше ковач дојден во манастирот од струмичката нахија.

област повеќе

мн. области
Вид збор: Именка, женски род
Поголема административно-територијална и управна единица.
Албански: qark
Употреба: Административен термин
Примери:
Оваа покраина има статус на автономна област.

околија повеќе

мн. околии
Вид збор: Именка, женски род
Поголема административна единица којашто опфаќа повеќе помали единици (општини, места, села).
Албански: rreth, qark
Употреба: Административен термин
Примери:
Bо целата околија тој имаше најубави овошки.

округ повеќе

мн. окрузи
Вид збор: Именка, машки род
Поголема административна територијална единица.
Примери:
изборен округ

санџак повеќе

мн. санџаци
Вид збор: Именка, машки род
Административна единица за време на турското владеење.
Турски: sancak
Употреба: Историја

четврт повеќе

Види и: четврт (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од град во некои земји.
Албански: kuart
Употреба: Книжевен збор
Примери:
градска четврт