drill - онтологија

дресира повеќе

дресираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Принуди, принудува некого на строга послушност.
Албански: stërvit, ushtroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ќе го дресираат како куче.

дупка повеќе

Види и: дупи (несв.)
дупкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дупи по малку, во помала мера.
Албански: biroj, shpoj
Употреба: Деминутив
Примери:
Ако си ги дупкам прстите, да има за кого.

дупне повеќе

дупнат
Вид збор: Глагол, свршен
дупи
Албански: shpoj, biroj

дупчи повеќе

дупчат
Вид збор: Глагол, несвршен
дупи

задупи повеќе

Види и: дупи (несв.)
задупат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да дупи, да прави дупка.
Албански: shpoj, biroj
Примери:
Задупи во ѕидот со клинец.

задупчи повеќе

Види и: дупчи (несв.)
задупчат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да дупчи.
Примери:
Задупчи во тврдата земја.

засврдли повеќе

Види и: сврдли (несв.)
засврдлат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да сврдли.
Примери:
Tој ја засврдли витрината.

исврдли повеќе

исврдлат
Вид збор: Глагол, свршен
Со сврдел направи една или повеќе дупки.

раздупи повеќе

Види и: дупи (несв.)
раздупат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи дупки на нешто.
Албански: biroj, shpoj
Примери:
Ја раздупи масата.
Со дупење направи отвор на нешто.
Албански: biroj, shpoj
Примери:
За да раздупи внатре и да тече повеќе вода.

раздупува повеќе

Види и: раздупи (св.)
раздупуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) раздупи

сврдли повеќе

сврдлат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дупчи (прави дупки) со сврдел.
Примери:
Фати да ја сврдли вратата.

шлифува повеќе

шлифуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Учи некого на прилежно однесување.
Германски: schleifen Албански: ushtroj për mirësjellje
Употреба: Преносно значење