Види и:
сув (прид.)
Вид збор: Прилог
Што не е водено, мокро, влажно.
Суво ли е или водено?
Што е без врнежи.
Брзаа да ги свршат работите по полето додека беше уште суво.
непречекливо, нељубезно, здржано
Примери:
Претседателот ги пречека суво во својот кабинет.
Слично со:
нељубезно (прил.)
без живост, без изразност
Примери:
Целата книга беше напишана суво и неинтересно.
Слично со:
безживотно (прил.)