edge - онтологија

ивица повеќе

мн. ивици
Вид збор: Именка, женски род
раб
Српски: ивица
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Според народното верување, ако седиш на ивицата од столицата за време на ручек, нема да се венчаш.

крајнина повеќе

мн. крајнини
Вид збор: Именка, женски род
раб
Албански: teh, skaj
Примери:
Му се поткреваат крајнините од горната усна.

острилец повеќе

мн. острилци
Вид збор: Именка, машки род
Сечило на алатка или оружје.
Албански: teh prerës

острило повеќе

мн. острила
Вид збор: Именка, среден род
Сечило на алатка за жнеење, косење, сечење.
Албански: teh
Примери:
На еден лист хартија го проба острилото на бричот.

острица повеќе

мн. острици
Вид збор: Именка, женски род
сечило
Српски: оштрица
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Острица од нож.

раб повеќе

мн. рабови
Вид збор: Именка, машки род
Линија добиена со допирање на две површини под агол.
Албански: buzë, teh
Примери:
Ги гледаше високите буки наредени по работ на чистинката.

рабен повеќе

рабна
Вид збор: Придавка
Што се однесува на раб.
Примери:
рабна линија

рез повеќе

мн. резови
Вид збор: Именка, машки род
Сечило на нож, сабја и сл.
Албански: presë, teh
Примери:
Резот на ножот.

сек повеќе

мн. секови
Вид збор: Именка, машки род
Сечило на секира, нож и сл.
Примери:
Секирата беше со оштрбен сек.

сечиво повеќе

Види и: сечило (ср.)
мн. сечива
Вид збор: Именка, среден род
сечило

сечило повеќе

мн. сечила
Вид збор: Именка, среден род
Острица од нож, сабја и сл.
Албански: presë, teh
Примери:
Го удри со сечилото на секирата.