effort - онтологија

заложба повеќе

мн. заложби
Вид збор: Именка, женски род
Залагање, заложување за нешто.
Примери:
креативна заложба

замет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
труд, тегоба, напор
Турски: zahmet
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој му плати за заметот.

напор повеќе

мн. напори
Вид збор: Именка, машки род
Напрегање на физичките и на умствените сили.
Албански: përpjekje
Примери:
Вложи голем напор.

повтеж повеќе

мн. повтежи
Вид збор: Именка, машки род
Дејство, обид нешто да се направи.
Примери:
Уште при првиот повтеж успеа.

труд повеќе

мн. трудови
Вид збор: Именка, машки род
(едн.) мака, напор
Албански: mund
Примери:
Без труд не се ора.

усилба повеќе

мн. усилби
Вид збор: Именка, женски род
напор
Примери:
Со големи усилби.