emerge - онтологија

зароди повеќе

(се) зародат
Вид збор: Глагол, свршен
Настане, се појави, почне да се развива.
Албански: lind, del
Примери:
Во нивните души се зародила несвесна љубов.

зарти повеќе

Види и: рти (несв.)
зартат
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави, излезе на виделина.
Албански: shfaqet, duket
Употреба: Преносно значење
Примери:
Малку требаше за да за'рти отровното семе на омразата.

исплови повеќе

Види и: плови (несв.)
испловат
Вид збор: Глагол, свршен
Излезе на површината на водата затоа што е полесно од водата.
Албански: lundron, del në sipërfaqe të ujit
Примери:
Шишето исплови на површината и продолжи да плови по реката.

препречи повеќе

препречат
Вид збор: Глагол, свршен
(се препречи) Се испречи пред некого како пречка.
Албански: dal përpara, pengoj
Примери:
Да не му се препречеше ветарот, ќе влезеше.

пројави повеќе

пројават
Вид збор: Глагол, свршен
(се пројави) Се покаже, се изрази со некоја особина, квалитет.
Албански: dal, shfaqem
Примери:
Се пројавија неговите вонредни способности.