enable - онтологија

вооружи повеќе

вооружат
Вид збор: Глагол, свршен
Снабди, засили некого (со определени средства, знаење) заради извршување определена дејност.
Албански: furnizoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Техниката го вооружи човекот со најразлични средства.

овозможи повеќе

овозможат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да стане возможно, создаде услови, можности за да се изврши нешто.
Албански: mundësoj
Примери:
Тој ми овозможи услови за работа.

оквалификува повеќе

оквалификуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Оспособи некого за некое занимање, работа.
Албански: përshtat, mundësoj
Примери:
Брзо го оквалификуваа за новото работно место.

оспособи повеќе

оспособат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде способен за нешто, обучи, подготви за нешто, за некоја работа.
Албански: aftësoj
Направи да биде употребливо, поправи, стави во употреба.
Албански: aftësoj
Примери:
Мајсторот ја оспособи машината за перење.