engagement - онтологија

ангажман повеќе

мн. ангажмани
Вид збор: Именка, машки род
Работна обврска, задолжение.
Албански: angazhim
Работа на определено време.
Албански: angazhim
Примери:
Таа има ангажман во новата театарска претстава.

армас повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
свршувачка
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
По една недела направија армас.

веридба повеќе

мн. веридби
Вид збор: Именка, женски род
Давање збор за верност.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Ве покануваме на веридбата на нашиот син.

вршачка повеќе

мн. вршачки
Вид збор: Именка, женски род
Заемно ветување на момче и девојка дека ќе стапат во брак.
Албански: fejesë
Примери:
Зборуваа за вршачките што се правеа секоја вечер во селото.

вршидба повеќе

мн. вршидби
Вид збор: Именка, женски род
Давање збор и договор за свадба, за брак.
Албански: fejesë, premtim
Примери:
Вршидбата на момата се направи веднаш по Нова година.

свршенички повеќе

свршеничка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на свршеник и свршеница.
Примери:
свршенички прстен

свршувачка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Давање збор (ветување) помеѓу двајца дека ќе стапат во брак.
Албански: fejesë
Примери:
На денот на свршувачката.

строи повеќе

стројат
Вид збор: Глагол, несвршен
Стројува, потврдува веридба.
Албански: angazhim

стројосување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
стројување

стројување повеќе

(едн.) стројувањето
Вид збор: Именка, среден род
потврдување веридба, договарање веридба

углав повеќе

Вид збор: Именка, машки род
свршувачка
Албански: fejesë
Употреба: Дијалектен збор