enthrone - онтологија

завладичи повеќе

завладичат
Вид збор: Глагол, свршен
Постави, произведе некого за владика.
Албански: bëhet peshkop
Употреба: Црковен термин
Примери:
Набрзо откако го завладичија, тој умре.

устоличи повеќе

устоличат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави некого на престол или висока функција.
Примери:
Со таканаречена апостолска ждрепка ќе се устоличи за врховен црковен поглавар.
(се устоличи) Завладее, почне да владее, да делува.
Примери:
Судскиот совет се устоличи како највисок судски орган и арбитер.