err - онтологија

грешава повеќе

грешаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто погрешно.
Примери:
Секогаш му го грешаваше името.

греши повеќе

грешат
Вид збор: Глагол, несвршен
Направи, прави грешка, згреши.
Албански: gaboj
Примери:
Кога пишува, многу греши.

заблуди повеќе

заблудат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе некого во заблуда.
Албански: mashtroj, lajthis
Примери:
Биле заблудени од водните духови.
(се заблуди) се занесе, се излаже
Албански: mashtrohem
Примери:
Јас се заблудив многу, ве молам, простете ми.

загреши повеќе

загрешат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да греши.
Албански: fillon të gaboj
Примери:
Загреши при броењето на парите.

залута повеќе

Види и: лута (несв.)
залутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стигне негде каде што не е предвидено, стигне случајно.
Албански: arrin gabimisht
Примери:
Пакетот залутал на друга адреса.

згрешава повеќе

згрешаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
згреши

згреши повеќе

згрешат
Вид збор: Глагол, свршен
греши
Примери:
Таксистот ја згреши улицата.

измами повеќе

измамат
Вид збор: Глагол, свршен
(се измами) се излаже
Албански: mashtrohem
Примери:
Меѓународните експерти се измамија во оценката на квалитетот на рудата.

окали повеќе

окалат
Вид збор: Глагол, свршен
заплетка, изгреши
Албански: gaboj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја окали работата.

погреши повеќе

погрешат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи грешка.
Албански: gaboj
Примери:
Погрешивме што ги оставивме сами децата дома.

попрегреши повеќе

Види и: прегреши (св.)
попрегрешат
Вид збор: Глагол, свршен
Погреши, згреши малку.
Употреба: Ретко

согреши повеќе

(се) согрешат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи грешка, погреши.

согрешува повеќе

Види и: согреши (св.)
согрешуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
согреши

цапне повеќе

цапнат
Вид збор: Глагол, свршен
згреши
Албански: gaboj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Пак јас цапнав.