even - онтологија

квит повеќе

Вид збор: Придавка
Што е ист, изедначен cо некого или нешто.
Употреба: Неменлив збор
Примери:
Ти ме удри мене, јас те удрив тебе и сега сме квит.
Што е без долг, што е ослободен од (паричен, материјален) долг, раздолжен.
Употреба: Неменлив збор
Примери:
Вчера ми ја плати последната рата и сега сме квит.

пареен повеќе

Види и: парен (прид.)
парејна
Вид збор: Придавка
парен
Употреба: Ретко

парен повеќе

парна
Вид збор: Придавка
пар
Албански: çift
Употреба: Математика
Примери:
Парни броеви.

рамен повеќе

рамни
Вид збор: Придавка
Прав, кој нема наклони.
Примери:
рамна линија

чифт повеќе

Вид збор: Придавка
парен
Употреба: Неменлив збор
Примери:
Чифт или тек?