evenings - онтологија

вечерум повеќе

Вид збор: Прилог
навечер
Примери:
Вечерум момите одеа на вода.

квечер повеќе

квечерта
Вид збор: Прилог
Непосредно пред вечер, пред самрак.
Примери:
Квечер ќе дојдам кај тебе.

квечерина повеќе

Вид збор: Прилог
навечер
Примери:
Беше cо намера да нападнат квечерина.

квечерум повеќе

Вид збор: Прилог
Кон вечер, навечер.
Примери:
Тој ми рече дека квечерум ќе дојде кај мене.

конквечерум повеќе

Вид збор: Прилог
приквечер
Примери:
Конквечерум на вратата ми затропа некој.

навечер повеќе

Вид збор: Прилог
Во вечерно време, кога е вечер (обично секоја вечер, секоја определена вечер).
Примери:
Тргнал навечер преку планината.

приквечер повеќе

Вид збор: Прилог
Непосредно пред да настапи вечер, пред самрак.
Примери:
Приквечер се прибраа преморени.
Денес при крајот на денот, денес пред самрак.
Примери:
Најдобро ќе биде да наминеш приквечер.