exhausted - онтологија

гровнат повеќе

гровнатиот
Вид збор: Придавка
Што е истоштен, изморен, остарен, опаднат.
Примери:
Чичко ми не може сам да работи, гровнат е.

изнемоштен повеќе

изнемоштениот
Вид збор: Придавка
Лице што останало без сила, без енергија од замор, од глад, од болест и сл.
Примери:
Изнемоштен старец лежеше умирајќи на куп слама нем и парализиран.

изработен повеќе

изработени
Вид збор: Придавка
Измачен, физички истрошен од работа.
Примери:
Изработени мажи и жени.

испостен повеќе

испостениот
Вид збор: Придавка
Што е ослабен од долго постење, од слаба исхрана.
Примери:
испостен организам

истоштен повеќе

Види и: истошти (св.)
истоштена
Вид збор: Придавка
исцрпен
Употреба: Дијалектен збор

исцрпен повеќе

исцрпениот
Вид збор: Придавка
Што е изморен, истрошен, без енергија.
Примери:
Беше толку исцрпен, што заспа седејќи на столчето.

капнат повеќе

капнати
Вид збор: Придавка
Што е изнемоштен.
Примери:
Сега чувствувам колку снагата ми е капната.

клекав повеќе

клекавиот
Вид збор: Придавка
Што е слаб, изнемоштен.

малаксан повеќе

малаксаниот
Вид збор: Придавка
Што е снеможен, без сила и енергија.

немоќен повеќе

немоќниот
Вид збор: Придавка
Што нема физичка сила.
Примери:
немоќен старец

онеможен повеќе

онеможениот
Вид збор: Придавка
снеможен, онемоштен
Примери:
Му беше непријатно што го затече вака немоќен и онеможен.

онемоштен повеќе

онемоштени
Вид збор: Придавка
Што е снеможен, истоштен, ослабен.
Примери:
Легна онемоштен на креветот и заспа.

отепан повеќе

отепаниот
Вид збор: Придавка
изнемоштен, преморен

папсан повеќе

папсани
Вид збор: Придавка
малаксан, премален, мртов уморен
Примери:
папсан од работа

постанат повеќе

Види и: постане (св.)
постранати
Вид збор: Придавка
изнемоштен, премален, изморен
Примери:
Постанатите патници едвај стигнаа до хотелот.

премален повеќе

премалениот
Вид збор: Придавка
Што е исцрпен од глад, од работа и сл.
Примери:
Премален од работа.

преморен повеќе

преморени
Вид збор: Придавка
Што е многу уморен, исцрпен.
Примери:
Преморени работници.

раскапан повеќе

раскапана
Вид збор: Придавка
Кој изгубил сила.
Примери:
И тој е сиот раскапан.

раскапаник повеќе

мн. раскапници
Вид збор: Именка, машки род
Папсан, изнемоштен човек.

раскостен повеќе

раскостени
Вид збор: Придавка
Кој изгубил сила.
Примери:
Што го гледаш, сиот е раскостен.

раслабен повеќе

расзлабени
Вид збор: Придавка
Без доволно сила, млитав, истоштен.

ревматичен повеќе

ревматични
Вид збор: Придавка
немоќен, истоштен
Примери:
ревматични потези

скапнат повеќе

скапнати
Вид збор: Придавка
капнат, скапан
Примери:
Бил многу скапнат од работа.

скинат повеќе

скинати
Вид збор: Придавка
Кој загубил сила, папсан.
Примери:
Остави ме, скинат сум.

скршен повеќе

Види и: скрши (св.)
скршени
Вид збор: Придавка
Што загубил сила, скинат, совладан, духовно исцрпен.
Примери:
Сиот сум скршен.