exhibition - онтологија

егзибиција повеќе

мн. егзибиции
Вид збор: Именка, женски род
Јавна претстава, јавно прикажување, обично во спортски или други вештини.
Албански: ekzebicion, ekspozitë
Примери:
Неговата егзибиција беше настан на годината.
Непотребно и нагласено истакнување во јавноста.
Албански: ekzebicion, ekspozitë
Употреба: Пејоратив
Примери:
Таквите егзибиции донесоа само прикриено исмевања од страна на присутните.

изложба повеќе

мн. изложби
Вид збор: Именка, женски род
Манифестација на која се изложуваат уметнички дела пред публика.
Примери:
Изложба на уметнички фотографии.

инсталација повеќе

мн. инсталации
Вид збор: Именка, женски род
Уметничка поставка на вајарско дело од повеќе компоненти.
Албански: shfaqje
Употреба: Ликовна уметност