export - онтологија

доизвезе повеќе

Види и: извезе (св.)
доизвезат
Вид збор: Глагол, свршен
Извезе во друга земја нешто до крај, заврши со извозот на некоја стока.
Албански: eksportoj
Примери:
Ги доизвезовме и преостанатите неколку тона пиперки.

експорт повеќе

(едн.) експортот
Вид збор: Именка, машки род
Извезување на стока и услуги во странство.
Албански: eksport
Употреба: Економија

експортира повеќе

експортираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Извезе, извезува стока во странство.
Употреба: Економија

извезе повеќе

извезат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнесе, продаде во друга држава сопствен производ, капитал и сл.
Албански: eksportoj
Употреба: Економија
Примери:
Нашата економија извезла само 14 милиони долари.

извезување повеќе

Види и: извоз (м.)
Вид збор: Именка, среден род
извоз
Албански: eksport
Употреба: Економија
Примери:
Извезување на ран зеленчук.

извоз повеќе

(едн.) извозот
Вид збор: Именка, машки род
Извезување на стока и услуги во друга држава.
Албански: eksport
Употреба: Економија
Примери:
извоз на тутун
Количеството и вредноста на извезените стоки и услуги.
Албански: eksport
Употреба: Економија
Примери:
Целокупниот извоз беше покриен со 60 проценти од увозот.