express - онтологија

доизрече повеќе

Види и: изрече (св.)
доизречат
Вид збор: Глагол, свршен
Изрече сè, до крај.
Албански: tregoj të gjitha
Примери:
Не ми дадовте можност да се доизречам.
(се доизрече) Се искаже до крај.
Албански: rrëfej, tregoj deri në fund

експрес повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Дејство, процес или нешто слично што се одвива, извршува или случува мошне брзо, итно, во најкраток можен рок.
Албански: ekspres
Воз или друго превозно средство со кое се патува на поголемо растојание од првата до последната станица без задржување во ниедна или само во некои поважни станици.
Албански: ekspres
Поштенска пратка (писмо, телеграма, пакет) со најбрз начин на испраќање и доставување до целта.
Албански: ekspres

експресен повеќе

експресни
Вид збор: Придавка
Што има својство на многу брзо одвивање, извршување, движење, подготвување итн.
Примери:
експресен воз

избие повеќе

избијат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде до израз.
Албански: vjen në shprehje
Примери:
На површина изби онаа сила на развојот што беше дотогаш потисната.

изрази повеќе

изразат
Вид збор: Глагол, свршен
Со зборови искаже став, мислење, чувство и сл.
Албански: shpreh
Примери:
Директорот изрази задоволство од нашиот успех во работата.
Искаже цел, намера, желба.
Албански: shpreh
Примери:
Тој изрази желба да го посети нашиот град.
Пренесе резултат во вид на формули, равенства и сл.
Албански: tha
Употреба: Математика
Примери:
Разликите во личниот доход на вработените во таа организација сметководителот ги изрази во (со) апсолутен износ.

пренесе повеќе

пренесат
Вид збор: Глагол, свршен
Изрази нешто (на хартија, платно).
Албански: bartë
Примери:
Емоциите ги пренесе во стихови.